Smiling woman with curly hair standing outdoors in a green, leafy environment.

Limosilactobacillus reuteri

Запознајте ги соевите Limosilactobacillus reuteri на BioGaia - клинички најистражуваните пробиотици во светот, на кои им се верува во секоја фаза од животот.

Limosilactobacillus reuteri: Пробиотски сој заснован на човечката еволуција

Limosilactobacillus reuteri е уникатен вид на бактерија која е заснована на еволуција. Во текот на милиони години, таа природно го населува гастроинтестиналниот тракт (ГИТ) и се пренесува од генерација на генерација. Благодарение на оваа тесна врска, може да придонесе за поддршка на вашите микробиоми.

Се вели дека бебињата првпат доаѓаат во контакт со L. reuteri за време на раѓањето и доењето. Тоа е една од првите корисни бактерии што се населуваат во нивните црева. Од самиот почеток, L. reuteri игра клучна улога во дигестија на храната како и да се изгради здрав микробиом за живот.

Illustration of a probiotic bacterium connected to a network of yellow dots, symbolizing its interaction within a system. Illustration of a probiotic bacterium connected to a network of yellow dots, symbolizing its interaction within a system.

Зошто е Limosilactobacillus reuteri толку посебен?

Не сите пробиотски соеви дејствуваат исто – нивните специфични својства се тие што ја прават разликата.

Да разгледаме подетално еден специфичен сој Limosilactobacillus reuteri Protectis (DSM 17938). Кои се уникатните својства на Limosilactobacillus reuteri Protectis - еден од најпроучуваните пробиотици во светот:

  • Од човечко потекло
  • Преживува во киселата средина на желудникот
  • Привремено ги колонизира цревата
  • Ефикасно го надополнува микробиотот
  • Безбеден за сите, дури и за најранливите

Безбедноста е на прво место - BioGaia и L. reuteri Protectis

Дали L. reuteri Protectis е безбеден? Со еден збор: да.
L. reuteri Protectis се смета за безбеден бидејќи:

  • Природно ко-еволуирал со човекот и претставува составен дел од човечкиот организам
  • Јасно е класифициран и е специфичен сој
  • Произведен е под строги контроли за квалитет
  • Има докажана безбедност кај наменетата популација
  • Не содржи токсини или пренослива отпорност на антибиотици

Благодарение на повеќедецениските истражувања и високите стандарди, му веруваат здравствените работници и семејствата ширум светот.

Дознајте повеќе за клиничките студии од:

Illustration of a probiotic bacterium with dosage indicators, symbolizing the measurement of probiotic doses Illustration of a probiotic bacterium with dosage indicators, symbolizing the measurement of probiotic doses

Докажан производ на кој му веруваат милиони

Продадени се повеќе од 100 милиони единици – и ниту еден пријавен несакан ефект.

Иако клиничките испитувања ја потврдуваат безбедноста на производите на BioGaia – дури и во дози повисоки од оние што се користат во нашите формулации – искуството од реалниот свет е подеднакво моќно.
Од 2004 година, над 100 милиони единици капки L. reuteri Protectis се продадени низ целиот свет. Со нула пријавени несакани ефекти, ова е еден од најдоверливите достапни пробиотици.
Производите на BioGaia се препорачани од педијатри и сакани од родителите. Кога станува збор за здравјето на цревата, семејствата ширум светот го избираат BioGaia поради неговата докажана безбедност и ефикасност.
 

Педијатрите веруваат – родителите препорачуваат. 

Зошто е важен дневниот внес на L. reuteri

Иако L. reuteri коеволуирал со луѓето уште од почетокот на времето, сега е природно присутен во многу мал број или е отсутен во организмот поради ефектите од современиот начин на живот (исхрана со малку влакна, стрес, употреба на антибиотици како и влијанието на факторите на животната средина). За среќа, L. reuteri може повторно да се внесе преку пробиотиците на BioGaia.

Дневниот внес на пробиотици е неопходен бидејќи овие корисни бактерии природно се исфрлаат од телото во рок од една или две недели. Редовната консумација гарантира дека одржувате соодветно ниво на L. reuteri во цревата.

 

Пример за пробиотски квалитет специфичен за сојот

L. reuteri е клучен за пробиотското наследство на BioGaia и докажува зошто специфичноста на сојот е важна. BioGaia работи со специфични бактериски соеви, не само со општи пробиотски видови, бидејќи секој сој има свој идентитет, истражувачка позадина и стандарди за квалитет.

Ова го прави L. reuteri јасен пример за пристапот на EvidenceBiotics: фокусирање на точниот сој, научното истражување зад него и стандардите за квалитет кои помагаат во поддршката на конзистентноста од производството до конечната доза.

За да дознаете повеќе за тоа како BioGaia го дефинира квалитетот на пробиотиците во своите производи, истражете го EvidenceBiotics.

Дознајте повеќе за EvidenceBiotics™
Бактерии, предуслов за живот

Бактерии, предуслов за живот

Бактериите претставуваат микроорганизми или микроби кои ги има насекаде. Некои видови бактерии дури живеат во и на други организми, како што се луѓето. Како прва форма на живот што постои на земјата, тие ги диктираат условите на нашето постоење уште од самиот почеток. Limosilactobacillus reuteris е пример за бактерии кои се развиле во симбиоза со луѓето.

Што се пробиотици?

Што се пробиотици?

Пробиотик значи „за живот“. Терминот се користи за опис на „добрите“ бактерии и нивното значење за животот и нашето здравје. Прочитајте повеќе информации за овие мали пријатели.