The information on this part of the website is intended only for health care professionals.I am an expert within the meaning of Act No. country xy. I herewith confirm that I am a professional according to this definition.
Unfortunately, as you are not a health care professional we cannot provide you this information.
Олеснете го процесот на пакување за летниот одмор и не дозволувајте стомачните непријатности да ви го намалат уживањето кое го заслужувате вие и вашето семејство.
Олеснето го пакувањето и не дозволувајте појава на стомачни непријатности. Патувањето со вашето семејство може да биде возбудлива авантура, но исто така може да биде проследено со предизвици. Стомачните непријатности во дигестивниот тракт за време на патувањето се едни од најголемите предизивици со кои може да се соочи едно семејство. Еве еден практичен водич што ќе ви помогне непречено да се подготвите за патување, вклучувајќи совети за грижа на дигестивниот систем, особено, доколку изберете некоја егзотична дестинација.
Список за пакување за вашето следно семејно патување
1. Организирано пакување
Користете прегради за пакување за да ја одделите облеката за секој член на семејството.
Спакувајте облека во комплетни сетови – горни со долни комбинации и дополнително понесете долна облека.
2. Потребни работи за патување
Вклучете патни (мини) верзии на тоалетни производи како што се крема за сончање, паста за заби и лосион за бебиња.
Не заборавајте комплети за прва помош за патување со основни работи како фластери, антисептички марамчиња и средства за намалување на температурата.
3. Омилени предмети за поголема удобност на деца
Понесете ја омилената играчка, ќебе или книга за да му помогнете на вашето дете да се чувствува како дома.
Спакувајте грицки кои се лесни за носење и не се расипливи.
4. Опрема, адекватна на временските услови
За сончеви патувања понесете капи за сонце, очила за сонце што блокираат УВ зрачење и лесна облека.
Доколку патувате во области со пониска температура понесете облека во повеќе слоеви, термо облека и топли додатоци. Внимавајте на непријатностите со стомакот. Додека патувате, особено во егзотични региони, непријатноста во стомакот може да е чест проблем поради изложеност на непозната храна, вода или бактерии. Егзотичните дестинации со својата богата, зачинета кујна и традиционално подготвени оброци можат да претставуваат предизвик за оние со чувствителен стомак. Пиењето нефилтрирана вода или консумирањето сурова храна може исто така да го наруши балансот во цревата. За да функционира непречено, нашето тело има потреба од поддршка, која ја добиваме од трилиони микроорганизми. Некои од овие микроорганизми живеат на кожата, но повеќето живеат во телото, а најголемиот дел се наоѓаат во цревата. Тие се дел од цревната микробиота.Пробиотските капки и таблетите за џвакање BioGaia® Protectis™ се корисни за патување . Кога патуваме, изложени сме на многу штетни и непознати бактерии и вируси. Колку подалеку од дома одиме, толку помалку сме навикнати на овие патогени. Овие непознати бактерии со кои се среќаваме можат да предизвикаат непријатност во стомакот или посериозни компликации во дигестивниот тракт. Грижете се за балансот во вашата микробиота и дополнете ја со таблети за џвакање BioGaia® Protectis™. Херојски пробиотскиот сој, Limosilactobacillus reuteri Protectis™ е меѓу најистражуваните пробиотски соеви на пазарот и може да помогне во регенерацијата на цревната микрофлора зафатена за време на патувањето. Таблетите за џвакање се погодни за деца на возраст од три години па нагоре, како и за возрасни. Доколку имате мало дете,изберете пробиотски капки BioGaia® Protectis™ за вашето најмало дете или бебе. Започнете со секојдневно додавање на BioGaia® Protectis™ капки или таблети за џвакање најмалку две недели пред патувањето за да може проактивно да се грижите за вашата цревна микробиота и да помогнете во нејзината подготовка за вашите патувања.
1. Останете хидрирани со безбедна вода
Секогаш пијте флаширана или зовриена вода.
Избегнувајте коцки мраз освен ако не се направени од филтрирана вода.
2. Изберете термички преработена храна
Бидете претпазливи со брзата храна, особено во региони со висока изложеност на бактерии.
3. Често мијте ги рацете
Практикувајте добра хигиена со миење на рацете пред јадење или допирање на лицето.
4. Бидете проактивни
Вклучете таблети за џвакање BioGaia® Protectis™ за целото семејство.