Како што терминот „пријателски бактерии“ станува сè пошироко познат, многу родители се прашуваат каква улога играат овие микроорганизми во животот на нивното бебе. Оваа статија е тука за да ви помогне да ги разберете основите на составот на цревната микробиота кај доенчето и како можете проактивно да се грижите за цревната микрофлора на вашето бебе од самиот почеток.
Човечкото црево е дом на трилиони микроорганизми - вклучувајќи бактерии, вируси и габи - сите тие заедно ја сочинуваат цревната микробиота. При раѓањето, цревата на вашето бебе во суштина се неколонизирани и неразвиени. Со текот на времето, изложеноста на надворешниот свет, доењето и контактот со лицата што се грижат за нив им овозможуваат на “добрите” бактерии постепено да го населат дигестивниот тракт.
Во текот на првите 1000 дена од животот, родителите имаат единствена можност да ја поттикнат разновидноста на микробиотата преку секојдневно суплементирање со пробиотски производи кои може да обезбедат созревање на дигестивниот тракт и цревата.
Еве неколку совети:
Практикувајте редовен контакт кожа со кожа со вашето бебе
Поминувајте време на отворено за да ја зголемите природната изложеност кон надворешни влијанија
Практикувајте редовен и квалитетн сон
Откако ќе добиете дозвола од педијатар, вклучете разновидно овошје и зеленчук како дел од исхраната на вашето бебе
Овие мали чекори можат да помогнат во постигнување на избалансирана цревната микробиота и да ги зголемат шансите вашето малечко да има мирно и среќно стомаче.
Пробиотиците се живи микроорганизми, честопати нарекувани „добри“ бактерии кои може да се најдат во одредена храна или додатоци во исхраната. Тие се особено популарни бидејќи клинички е докажано дека го надополнуваат составот на цревната микробиота.
Кога е потребно, пробиотиците може да се користат за да се надополнат цревата со “добри” и корисни бактерии.
Производи, како што се пробиотските капки BioGaia Protectis, специјално се дизајнирани за доенчиња и содржат еден од најпроучуваните пробиотски соеви во светот. Над 260 клинички студии докажаа дека херојскиот сој на BioGaia е совршено безбеден за деца и возрасни. Само пет капки дневно обезбедуваат 100 милиони живи бактерии, а капките се безбедни од првиот ден по раѓање. Тие можат да се стават на лажичка или да се измешаат со храна или млеко.
Дополнително, постои и комбиниран производ, BioGaia Protectis со витамин Д кои исто така содржат витамин Д, кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, што ги прави практичен избор за семејствата, кои сакаат да обезбедат дневна грижа на своето бебе со проактивна суплементација.
Воведувањето на ”добри“ бактерии во рутината на вашето бебе не мора да биде комплицирано. Со фокус кон проактивна грижа и секојдневна суплементација со пробиотски производи, можете да направите еден едноставен чекор со кој ќе му помогнете на вашето дете во развојот на цревната микробиота уште од самиот почеток.