The information on this part of the website is intended only for health care professionals.I am an expert within the meaning of Act No. country xy. I herewith confirm that I am a professional according to this definition.
Unfortunately, as you are not a health care professional we cannot provide you this information.
Во пресрет на Светската недела за подигање на свеста за AMР (антимикробна резистенција), научете како рационалната употреба на антибиотици и пробиотици може да доведат до нивно меѓусебно надополнување. Истражете ја динамиката помеѓу антибиотиците и пробиотиците и дознајте како нивното меѓусебно надополнување треба да се негува, се со цел одржување на здрава цревна микробиота во тек на оваа светска недела посветена на подигнување на свеста за АМР.
Како што започнува Светската недела за подигање на свеста за AMР (антимикробна резистенција), дозволете да ви ја пренесеме потребата од постигнување на рамнотежа помеѓу антибиотиците и пробиотиците и да ви ја посочиме потребата од одржување на таа рамнотежа.
Антибиотиците се неопходни за лекување на инфекции и генерално тие делуваат против патогени бактерии. Но, тие делуваат неселективно, односно не прават разлика помеѓу штетни и корисни бактерии во организмот, и со тоа,честоја нарушуваат рамнотежата на корисни бактерии во дигестивниот систем. Пробиотиците во одредени намирници како јогурт или киселото млеко, може да помогнат во обновувањето на микробиотата со внесување на корисни бактерии во организмот. Но, бидете свесни дека концентрациите на корисни бактерии во овие намирници не е на високо ниво и истите не секогаш може да помогнат.
Заради антимикробната резистенција, лековите кои се користат за ефикасен третман на болести стануваат помалку ефикасни, па дури и бескорисни, што доведува до помала успешност во лекувањето на инфекции, зголемена смртност, почести и долготрајни болести. Тоа има негативен импакт кон здравјето и рамнотежата на цревата, посебно на секоја индивидуа, која е на антибиотски третман.
Внимателната употреба на антибиотици и одржување на урамнотежена цревна микробиота е од клучно значење. Вклучувањето на пробиотиците во вашата рутина за време и по третманот со антибиотици е важно. BioGaia® нуди палета на производи погодни за различни потреби:
• BioGaia® Protectis™ капки со витамин Д - капки кои се специјално наменети за бебиња и мали деца кои сè уште не можат да користат таблети и се безбедни од првиот ден по раѓање. Лесни се за администрирање и го поддржуваат цревниот микробиот, а витаминот Д дополнително придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем кај децата.
• BioGaia® Protectis™ таблети за џвакање се таблети кои се наменети за деца на возраст од три и повеќе години и за возрасни, овозможувајќи адекватен внес на корисни, живи млечно-киселински бактерии во нивната дневна рутина. Тие ќе помогнат цревата да ви останат здрави после напорниот училишен или работен распоред и практични се за целото семејство.
Додека се движиме низ предизвиците на антимикробната резистенција, мора да го сфатиме поширокото влијание на употребата на антибиотици. Иако овие лекови спасуваат животи, тие исто така ја нарушуваат деликатната рамнотежа на нашата цревна микробиота,а некогаш го нарушуваат и целокупното здравје. Вклучувањето на пробиотиците во вашата рутина, особено за време и по антибиотскиот третман може да помогне во надополнувањето на цревата со корисни бактерии. Со промовирање на балансиран пристап кон употребата на антибиотици и пробиотици ќе помогнеме во одржување на здравјето на цревата, а со тоа ќе помогнеме во глобалната битка против антимикробната резистенција, обезбедувајќи овие витални лекови да останат ефикасни за идните генерации.
Со носењето на одлуки кои се базирани на релевантни докази, а кои се во фокусот за одржување на здравјето на цревата, вие преземате суштински чекори за целокупна благосостојба на организмот. Останете информирани и здрави.