Семејно патување и здрав стомак: Едноставни навики за безгрижни авантури

Семејните патувања се полни со возбуда и големи авантури, но можат да донесат и неочекувани ситуации, особено кога станува збор за варењето на храната. Ако патувате со мали деца, разбирањето како тоа влијае на варењето на храната може да Ви помогне да го претворите стресното патување во непречен, среќен одмор. Научете неколку едноставни навики што можат да помогнат работите да течат непречено и да уживате во времето поминато заедно.

Зошто и како патувањето влијае на цревната микробиота

Значи, што всушност се менува кога патувате и зошто влијае на варењето на храната? Вашата цревна микробиота (заедницата на бактерии што живеат во Вашиот дигестивен систем) игра важна улога во секојдневната благосостојба. Таа е вклучена во варењето, комуницира со имунолошкиот систем и му помага на Вашето тело да се прилагоди на промените. Кога Вашата цревна микробиота е добро избалансирана, полесно е Вашето тело да се прилагоди на нова средина и храна. Но, патувањето честопати носи мешавина од нови искуства одеднаш, а на Вашите црева може да им треба малку повеќе време да се прилагодат.

Малите нешта кои додека сте на одмор имаат голем ефект 

Дури и кратките патувања влијаат на вашата рутина. Еве како:

Нова храна па дури и нова вода

Пробувањето нови јадења е дел од забавата, но непознатите состојки или водата понекогаш можат да влијаат на цревната микробиота.

Промени во дневниот ритам

Различно време на земање оброци, распоредот за спиење или долгите денови на патување можат да ја променат Вашата вообичаена рутина, а особено варењето на храната.

Стрес и замор

Аеродромите, долгите патувања, исполнетите денови со активности и промената на временските зони ги зголемуваат нивоата на хормоните на стрес. Вашиот стомак и мозок се тесно поврзани, па стресот може да влијае и на варењето на храната.

Изложеност на нови микроорганизми

Нова средина значи и нови бактерии, и додека возрасните често се прилагодуваат брзо, децата може да бидат почувствителни на овие промени.

Кога на Вашиот стомак му треба малку повеќе време да се прилагоди

Дигестивните непријатности за време на патувањето се доста честа појава. Од немирен стомак до промени при празнењето на цревата, овие проблеми се обично привремени и се дел од прилагодувањето на Вашето тело на новите услови. Постојана хидрираност е еден од наједноставните начини да го поддржите Вашето тело. Кога ќе Ви се врати апетитот, започнете со лесна храна како ориз, обичен тост и на крајот со познати оброци. Децата и бебињата можат да бидат особено чувствителни бидејќи нивната цревна микробиота и имунолошки систем сè уште се развиваат. Дури и малите промени можат да имаат забележлив ефект, поради што одржувањето на познатите навики може да биде особено корисно.

Навики кои прават забележлива разлика

Бидејќи патувањето често го нарушува Вашиот вообичаен ритам, одржувањето на неколку постојани навики пред, за време и по патувањето може многу да помогне. За да ѝ дадете доволно време на цревната микробиота да се прилагоди, идеално е да започнете со навики за поддршка најмалку 2 недели пред да започне одморот.

 Разновидната, балансирана исхрана е еден од најдобрите начини за поддршка на цревната микробиота на Вашето семејство. Додавањето храна богата со растителни влакна, како што се овошје, зеленчук, мешунки и интегрални житарки, помага. За многу семејства, додавањето на пробиотски додаток во оваа рутина може да стане и дел од неа, како што се на пример, BioGaia® Protectis™ капки или таблети за џвакање. 

Започнувањето со додаток на исхрана 14 дена однапред, овозможува корисните бактерии да се прилагодат пред патувањето. BioGaia® Protectis™ содржи бактериски сој поткрепен со повеќе од 180 клинички студии. Тоа е дел од пристапот EvidenceBiotics™ на BioGaia®, кој се фокусира на внимателно одбрани соеви поткрепени со научни истражувања и дизајнирани за секојдневна употреба во семејството.

 Само 5 капки за мали деца или 1 таблета за џвакање за постари деца и возрасни може да биде лесна навика за вклучување, дури и кога сте на пат.

 Хидратацијата е уште еден едноставен, но важен дел. Пиењето доволно вода го поддржува нормалното варење на храната и помага во одржувањето на Вашиот дневен ритам каде и да сте. Започнувањето на овие навики пред патувањето, нивното одржување во текот на целото патување, па дури и откако ќе се вратите дома, може да му помогне на Вашето тело полесно да се прилагоди.

Уште неколку важни совети

Заедно со исхраната и додатоците во исхраната, секојдневните рутини прават значителна разлика во тоа како се чувствувате додека патувате.

  • Доколку е можно, обидете се оброците да ги земате во исто време.
  •  Спијте доволно, особено децата.
  • Бидете на отворено преку ден колку може подолго.
  • Вклучувајте позната храна заедно со новата.

Едноставните хигиенски навики, како што се редовно миење раце, избор на добро зготвени оброци и пиење безбедна, чиста вода, се исто така корисни при патување.

Кога ќе се вратите дома, на Вашето тело можеби ќе му треба малку време да се врати во вообичаениот ритам. Урамнотежените оброци, добрата хидратација и вклучувањето на BioGaia® Protectis™ како дел од Вашата рутина може да бидат едноставен начин да останете на вистинскиот пат за време на оваа транзиција. Бидејќи кога малите стомачиња се чувствуваат смирено, полесно е да се фокусирате на она што навистина е важно - да уживате во патувањето заедно.