Рецепт за пробиотски смути

Откријте едноставен рецепт за пробиотско смути и прочитајте совети за поддршка на децата во текот на зимските месеци. Дознајте како да го балансирате нивниот цревен микробиом преку консумирање на здрава храна.

Откако мојот најстар син тргна во градинка – сега е второ одделение – есента и зимата изгледаат како лотарија. Никогаш не знаеш кој вирус ќе го донесе дома од игротека или училиште. А сега, со новороденче дома, оваа игра стана уште понеизвесна.

Иако не можам да ги контролирам вирусите што кружат меѓу неговите другарчиња, можам да преземам чекори за поддршка на нивниот имунолошки систем. Редовни дози витамин Ц и Д, се главните принципи што се трудам да ги следам за да им обезбедам дополнителна заштита во студениот зимски период:

Физичка активност и доволно спиење

Покрај нашите редовни спортски активности,физичкото воспитување во училиште поттикнува играње на отворено, без разлика на временските услови. И како семејство се трудиме да бидеме активни – движењето и свежиот воздух се клучни! И, секако, квалитетниот сон. Мојот најстар син нема проблеми со спиењето, но со бебето сè уште (сме малку ненаспани) ги чекаме ноќите кога ќе се одмориме.

Суплементација со пробиотици преку исхрана и додатоци

Цревата играат клучна улога во правилното функционирање на имунолошкиот систем. Затоа, особено во есен и зима, внимавам на балансот на цревниот микробиом. Се фокусирам на исхраната и додатоците за да осигурам доволен внес на млечно-кислеински бактерии.

За моето петмесечно бебе е едноставно – сè што му треба добива преку доењето, а дополннително користиме и BioGaia® пробиотски капки за да превенираме појава на стомачни непријатности. Овие капки беа сигурен придружник и пред седум години со моето прво дете, кое сега ги зема BioGaia® пробиотските таблети за џвакање. Среќна сум што со задоволство ги обожува оние со вкус на јагода, бидејќи не е лесно децата да внесуваат доволно ферментирана храна или јогурт.

Сепак, не се откажувам! Кога можам, во исхраната вклучувам кефир, обичен јогурт, ферментирано овошје и зеленчук, како кисела зелка и комбуча.

Храна за пробиотиците

Сакам да мислам дека пробиотиците се мали помошници кои, како и сите помошници, имаат потреба од гориво. Пребиотиците се нивната храна, а најчесто ги внесуваме преку овес, интегрален леб, јаболка и банани.

Не се сите пробиотици исти – специфичните соеви се разликуваат по тоа во кој дел од телото делуваат (на пример, усна шуплина, црева, кожа) и по нивната способност да преживеат во организмот.

Рецепт за пробиотски смути

Ако вашите деца не се љубители на ферментирана храна, пробајте истата да ја „замаскирате“ во смути – кај нас ова одлично функционира!

Овој основен рецепт содржи пробиотски и пребиотски состојки. Можете да го замените свежиот спанаќ со боровинки или зрело манго за шарени и вкусни варијации. Пробиотиците можете дополнително да ги засилите со додавање ферментирано овошје или комбуча, која може да ја замени кокосовата вода како течна база.

Рецептот исто така содржи авокадо за здрави масти, но понекогаш го заменувам со лажица путер од индиски ореви. Секако, користете путер од јаткасти плодови само ако сте сигурни дека вашите деца немаат алергии.

Никогаш не додавам дополнителни засладувачи – природните шеќери на овошјето се секогаш доволни.

Состојки (за едно смути):

  • ½ банана
  • ½ јаболко
  • ½ шолја обичен јогурт
  • ¼ авокадо (здрави масти)
  • ½ шолја беби спанаќ
  • 1 лажица чиа семе
  • ½ шолја кокосова вода (или обична вода)

Начин на подготовка:

  1. Излупете ја бананата и издлабете ја средината на јаболкото. Со лажица извадете ја внатрешноста на авокадото и измијте го спанаќот под млаз вода.
  2. Додадете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Рачниот блендер е добар и може да обезбеди најдобра текстура. Доколку сакате поредок напиток, додадете повеќе кокосова вода.
  3. Кога имам време, го декорирам смутито пред да го сервирам – на моите деца им се допаѓа тоа! Понекогаш го украсувам работ на чашата со замрзнато овошје или додавам замрзнато овошје одозгора.

Среќно оваа сезона!

Се надевам дека вашите најмали ќе останат здрави и среќни. Уживајте во смути моментите и наздравете со вашите деца со овој хранлив напиток!