Оригинални идеи за подароци за среќна празнична сезона

Барате оригинални идеи за подароци оваа празнична сезона? Откријте совети за подароци за деца, создавање спомени и како пробиотиците можат да обезбедат подарок на организмот. Дополнете ја цревната микробиота со вредни бактерии и поддржете го имунитетот со витамин Д овој Божиќ.

Оригинални идеи за подароци за среќна празнична сезона

Декември е тука, а со него доаѓа и прекрасниот период, но и малку хаос заради празничните подготовки. Дали постојано се прашувате што да им купите на вашите најблиски и деца? Во исто време, не сакате вашите деца да имаат купишта играчки дома, туку да научат да ги ценат работите. Ние совршено ја разбираме оваа дилема, BioGaia® има неколку инспиративни идеи за вас.

Создадете спомени

Наместо уште еден вообичаен подарок, зошто да не создадете нешто што ќе донесе насмевки со години? Размислете за креирање персонализиран календар со вашите семејни фотографии од целата година. Секој месец може да прикаже посебен спомен, правејќи го подарок што ќе нема рок на траење. Можете исто така да ја испечатите вашата омилена семејна фотографија на футрола за телефон, шолја или платно. Овие лични детали покажуваат внимание и создаваат трајни спомени што вашите најблиски секако ќе ги ценат.

За деца

Кога станува збор за деца, фокусирајте се на подароци што ја стимулираат креативноста и логичкото размислување, наместо да додавате играчки.

Креативни

● Уметнички прибор и комплети за ракотворби што ја поттикнуваат имагинацијата
● Градежни блокови или комплети за конструкција што го развиваат просторното размислување
● Музички инструменти за негување на уметничкиот израз
● Коцки за раскажување приказни или дневници за креативно пишување

Логика и учење

● Сложувалки соодветни за нивната возраст
● Комплети за научни експерименти за љубопитни умови
● Друштвени игри што го поттикнуваат стратешкото размислување
● Книги што ги пренесуваат во нови светови

Најдобриот подарок е удобноста на телото

Додека се фокусираме на материјални подароци, има нешто уште повредно што можете да му го дадете на вашето семејство - среќни стомаци и среќни тела. Дополнувањето на ендогената цревна микробиота ги зголемува шансите за мирни и убави божиќни празници па и цела година.

BioGaia® Protectis™ капкитесе дизајнирани специјално за доенчиња и содржат еден од најпроучуваните пробиотски соеви во светот. Над 270 клинички студии докажаа дека херојскиот сој на BioGaia® L. reuteri Protectis™ е совршено безбеден за деца и возрасни. Само 5 капки на ден обезбедуваат 100 милиони живи бактерии, а капките се безбедни од првиот ден.

За дополнителна корист пробајте ги BioGaia® Protectis™ капките со витамин Д, кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.   кои се совршени дури и за постари деца и возрасни. Затоа е идеален подарок за сите членови на семејството и вашите пријатели.

Запомнете, целта не е да ги купите најскапите подароци, туку да им покажете на вашите најблиски колку ви е грижа. Без разлика дали станува збор за рачно изработен фото албум, креативен сет за градење или постојан подарок за дополнување на цревната микробиота со квалитетни пробиотици за среќен стомак - најважни се мислата и љубовта зад секој гест.

Ви посакуваме празници исполнети со љубов, смеа и задоволство од давањето инспиративни подароци што навистина се важни. Се надеваме дека со помош на нашите совети, ќе уживате во сезоната максимално. Среќни празници!