Нова година, нови можности: Како да го поддржите имунитетот на вашето семејство?

Новата година е можност за нови почетоци. Време е за нови предизвици и можност да се фокусирате на она што ви е навистина важно - благосостојбата на вашето семејство. Во 2025 година, поддршката на имунитетот треба да биде приоритет, бидејќи игра клучна улога во благосостојбата и во годините што следат.

Развојот на имунитетот започнува многу рано

Основата на имунолошкиот систем започнува со раѓање. Во текот на првите неколку години, имунолошкиот систем на детето се развива навистина брзо, во голема мера тука влијание има одржувањето на избаланираната цревна микрофлора. Поддршката на имунитетот не е важна само за малите, тоа е доживотна посветеност.

 

Како може да се поддржи функцијата на имунолошкиот систем?

Имунитетот е тесно поврзан со цревната микрофлора. Овие микроорганизми, вклучувајќи ги и пробиотските бактерии, играат улога во варење на хранливите материи и во одржување на севкупната рамнотежа на телото.

 

Одржување на балансирана микробота подразбира избегнување на прекумерна консумација на алкохол, преработена, зачинета,масна храна  кои исто така може да го нарушат овој чувствителен систем.

 

Поддршка на имунитетот во текот на зимските денови

Зимата претставува вистински предизвик за имунолошкиот систем. За децата, покрај избалансираната исхрана и активниот начин на живот може да помогнат во одржување на избаланисран имунолошкиот систем и за време на студените месеци. Исто така е важно да се погрижите за соодветното внесување на витамин Д.

 

Улогата на витаминот Д

Витаминот Д придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем. Ограничената експозиција на сончева светлина во текот на зимските месеци води до намалена синтеза на витамин Д. Затоа особено е значајна дополнителна суплементација со производи кои во составот содржат Витамин Д.

 

Храната како масната риба, џигер, жолчки од јајце се одличен извор на витамин Д, додека ферментираните производи како јогуртот можат поволно да влијаат на цревната микрофлора. 

 

Што да вклучите во сезонската исхрана?

Во текот на зимските месеци може да се фокусирате на храна која го одржува балансот и имунитетот на вашето тело. Храната богата со витамин Д и омега 3 масни киселини може да играат важна улога во одржувањето на благосостојбата: 

 

Ферментираната храна како јогурт и кисела зелка помага да се одржи рамнотежата на цревната микрофлора.

Масните риби како лосос, скуша и харинга се одлични извори на омега омега 3 и витамин Д.

Преферирај и храна од растително потекло како ореви, кељ, ленено семе и семе од чиа.

Витаминот Д може да се најде и во рибиното масло, а во помали количини во џигер и јајца.

 

Важноста на проактивната грижа

Проактивната грижа е од суштинско значење за одржување на рамнотежа во текот на целата година. Постојаната поддршка на цревниот и имунолошкиот систем на вашето дете може да помогне да се одржи избалансирана микробиота,а со тоа да се подобри и имунитетот на вашето дете. Од друга страна, антибиотиците, иако се неопходни во одредени случаи, можат да доведат до нарушување на рамнотежата на корисни бактерии во цревата. Секојдневната суплементација со пробиотици е едноставен начин за поддршка на составот на микробиотата на вашето дете. Пробиотиските производи BioGaia® се клинички тестирани и безбедни за деца и возрасни и нудат сигурна поддршка на цревната микробиота.

 

Направете правилен избор на пробиотик

При изборот на пробиотик, клучни се квалитетот и специфичните на пробиотскиот сој кој е содржан во самиот производ. Пробиотските производи BioGaia® во себе содржат L.reuteri Protectis™ кој е дефиниран на ниво на сој (DSM 17938).Овие пробиотски производи се клинички тестирани во над 260 клинички студии и се безбедни за деца и бебиња од првиот ден по раѓање.

 

BioGaia® Protectis™ капки: безбедни од првиот ден по раѓање, обезбедуваат 100 милиони живи бактерии L.reuteri Protectis™ во само 5 капки дневно.

BioGaia® Protectis™ капки со витамин Д: Комбинација на пробиотик со витамин Д, 5 капки содржат 400 IU витамин Д.

BioGaia® Protectis™ таблети за џвакање со вкус на лимон и јагода, обезбедуваат 100 милиони живи бактерии со само 1 таблета дневно (препорачани се за употреба кај деца над 3 годишна возраст).

Не се сите пробиотици исти - специфичните соеви се разликуваат во однос на локализацијата (усната шуплина, цревата, кожата) или опстанокот и колонизацијата во телото.

 

Започнете ја годината правилно

Започнете ја новата година со инвестирање во благосостојбата на вашето семејство. Поддршката на цревната микробиота и имунолошката функција е едноставен чекор кон урамнотежена иднина.

 

Со пробиотиците BioGaia®, можете да ја поддржите микробиотата на вашето семејство секојдневно и така да го одржите во нормала и добро избалансиран имунолошкиот систем на вашето семејство.

 

BioGaia®-Ewo-NMK-Blogpost-Januray2025-0001