Маститис: причини за настанување и како да го надминеме?

Откријте ефективни начини за справување со маститисот и обезбедете правилна исхрана додека доите. Истражете ги алтернативите како што се млечните формули за доенчиња, кои може да се комбинираат со производи со добри бактерии за доенчињата како што се BioGaia®. Клинички докажани производи со добри бактерии за микробиотата на вашето дете и вашата благосостојба.

Маститис настанува заради акумулација на млеко во градите, кај жена која дои.
Може да се појави доколку бебето не ги празни целосно дојките за време на процесот на доење. Ова може да биде резултат и на прекумерно создавање на млеко. Оваа состојба може да се појави и поради прескокнување на подој , несоодветна техника на фаќање на брадавиците или прекумерно создавање на млеко, како што е веќе споменато. Вообичаените симптоми вклучуваат болни, зголемени гради, црвенило и чувство на топлина.

Совети за надминување на маститис

  • Ставајте го вашето бебе почесто на града и потрудете се правилно да ја фати брадавицата.
  • Ако вашите гради останат полни, обидете се да го измолзите млекото со помош на пумпица за измолзување.
  • Нанесете топли облоги пред да го надоите бебето за да помогнете да се ослободи млекото и ставете ладни облоги по доење за да ја намалите болката.
  • Масирајте ја болната област на градата за да го стимулирате протокот на млеко.
  • Доколку симптомите продолжат или доколку почувствувате дополнителни симптоми како треска, консултирајте се со лекар.
     

Други важни аспекти во текот на доењето

Балансирана исхрана
Фокусирајте се на разновидна и балансирана исхрана за да го поддржите создавањето на млеко и вашата микробиота.
Хидратација
Соодветниот внес на течности е клучен за одржување на доволно количество млеко.
Поддршка на микробиотата
Таблетите за џвакање BioGaia® Protectis™ се одлична опција за мајките. Тие ќе помогнат во балансирање на составот на цревната микробиота.
 

Алтернативи за доењеЗа 

За жал, сите мајки немаат можност да дојат. Затоа постојат висококвалитетни млечни формули за доенчиња кои им ги задоволуваат основните нутритивни потреби. При изборот на млечна формула, секогаш консултирајте се со педијатар и изберете реномирани брендови.

Доколку се одлучите за хранење со млечна формула, важно е да се обезбеди правилна колонизација на микробиотата на вашето бебе. Производите како BioGaia® Protectis™ пробиотските капки може да помогнат во надополнување на микробиотата на вашето бебе уште од првиот ден од животот. Овие капки лесно се нанесуваат на лажица или се мешаат со млеко или други пијалаци.

Доењето, иако е неверојатно корисно, може да доведе до појава на маститис. Маститисот е една од причините поради која мајките се откажуваат од доење на своите деца.Сепак, постојат ефективни начини за да се справите со оваа состојба и да му ја обезбедите на вашето бебе потребната исхрана и нега.

Без разлика дали доите или користите млечна формула, важно е да знаете како да го поддржите развојот на микробиотата на вашето бебе. BioGaia® Protectis™ пробиотските капки нудат алтернатива со клинички докажана ефикасност во надополнувањето на цревната микробиота на вашето дете.

Мајчинството е уникатно патување, а секој избор што го правите ја одразува грижата и љубовта што ја имате кон вашето дете. Верувајте им на вашите инстинкти, побарајте стручни совети кога е потребно и знајте дека правите неверојатна работа за идната благосостојба и среќа на вашето дете.