Како да направите летечки змеј и да уживате во семејните моменти за време на есенската сезона?

Откријте како да направите летечки змеј и да уживате во квалитетно време со вашите деца оваа есен. Научете ги упатствата чекор по чекор и добијте совети за совршен лет во ветровитата сезона, плус дополнете ја микробиотата на грлото на вашето семејство со добри бактерии од BioGaia® Pharax™.

Есента е тука, а со неа доаѓа и сезоната кога ветерот шушка низ крошните на дрвјата и нè поканува на авантури на отворено. Што може да е’ поинтересно за забава во есенската ветровита сезона од летање змеј? Ќе ви откриеме како да направите свој летечки змеј за да можете да уживате во забавата и за време на правењето и за време на пуштањето на летечкиот змеј. Изработувањето заедно со децата е еден од најубавите моменти што можеме да ги доживееме, дури и кога е ветровито надвор.

Потребни материјали

Ќе ви бидат потребни две стапчиња (едно подолго и едно пократко), конец, хартија, ножици, лепак и декорации по желба. За најдобри резултати, препорачуваме да користите бамбусови стапчиња, кои се лесни и флексибилни. Ако не сте сигурни околу вашите вештини за изработка, секогаш можете да купите готов змеј и едноставно да го декорирате со вашите деца.

Детални инструкции

1. Подготовка на рамката

Исечете две стапчиња во сооднос 3:2 (подолго и пократко). Поставете го пократкото стапче преку подолгото на 2/3 од неговата должина и врзете ги заедно со конец за да формирате крст. Можете да создадете основна форма на дијамант или да пробате форма на ѕвезда. За тоа ќе ви требаат 4 исти долги стапчиња.

 

3. Покривање на змејот

Поставете ја рамката на хартија (идеално хартиена марамица за да биде полесна) и исцртајте ја околу неа со маргина од околу 2-3 см од сите страни.

4. Сечење на капакот

Исечете ја исцртаната хартија и направете мали засеци на аглите за полесно преклопување.

5. Прицврстување на капакот

Превиткајте ја хартијата преку конецот на рамката и залепете ја со лепак или селотејп.

6. Декорирање и додавање на опашката

Декорирајте го змејот според ваши идеи и замисли со бои или маркери. За опашката, користете хартиени машни или ленти од креп хартија, кои ги прицврстувате на долниот дел од рамката.

7. Врзување на конците

Врзете два конца на горниот и долниот агол од рамката и поврзете ги во едно конче што ќе го користите за летање на змејот.

8. Балансирање на змејот

Балансираниот змеј ќе лета добро. Обидете се да додавате тежина (како на пр. со ленти) на опашката додека змејот при летањето не се доведе во рамнотежа.

Есенска сезона и семејна проактивна грижа

Ветровитиот есенски период за жал носи и некои здравствени предизвици. Затоа е добро проактивно да се грижите за вашето семејство. Докажан придружник во есенската сезона е BioGaia® Pharax™, кој ја надополнува микрофлората во грлото и устата.

BioGaia® Pharax™ е уникатен додаток во исхраната кој содржи Lactobacillus reuteri DSM 17938 и Lactobacillus reuteri ATCC PTA 5289 - два пробиотски соеви внимателно проучени заради нивната способност да ја надополнат микробиотата на усната шуплина и грлото. Во комбинација со витамин Д3, кој придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, BioGaia® Pharax™ нуди нежен и безбеден избор за целото семејство.

Поддржано од науката

BioGaia® е бренд изграден врз основа на повеќе од 30 години научни истражувања и ги нуди најпроучуваните пробиотски соеви во светот. Благодарение на повеќе од 270 клинички студии кај над 23.000 лица, докажано е дека е ефикасен во надополнувањето на цревната микробиота и е целосно безбеден и за деца и за возрасни.

Педијатри му веруваат, родителите го препорачуваат. Важен избор за родители кои сакаат само најдобро за своите деца. Уживајте во ветровитите есенски денови знаејќи дека вашето семејство е згрижено!