The information on this part of the website is intended only for health care professionals.I am an expert within the meaning of Act No. country xy. I herewith confirm that I am a professional according to this definition.
Unfortunately, as you are not a health care professional we cannot provide you this information.
Невидлив универзум скриен во нас. Цревната микробиота - наш доживотен придружник.
Човечкото тело е дом на трилиони бактерии, , вируси, габи, кои ја сочинуваат нашата единствена цревна микробиота. Овој невидлив универзум игра клучна улога за нас. Ајде да нурнеме во тоа како микробиотата се развива и како проактивно да се грижиме за неа.
Кога се споменува терминот бактерии, нашата прва мисла може да бидат штетните бактерии кои предизвикуваат негативни последици. Сепак, сите бактерии не се штетни. Всушност, некои од нив се клучни за одржување на составот на нашата цревна микробиота.
Добрите, штетните или потенцијално штетни бактерии живеат во урамнотежена симбиоза и ја создаваат цревната микробиота.
Освен цревната микробиота, во нашите црева се околу 80% од сите имунолошки клетки, што ги прави цревата центар на целиот имунолошки систем.
Различни соеви служат за различни цели. Специфичните соеви се разликуваат во однос на локализираните региони ( орална шуплина, црево, кожа итн.) или преживување и отпорност во телото. BioGaia® пробиотиците го содржат клинички проучениот сој на млечно киселинска бактерија - Limosilactobacillus reuteri Protectis™, кој се добива од мајчиното млеко. Над 260 клинички студии докажаа дека станува збор за херојски сој кој е безбеден за деца и возрасни, па затоа е препорачан од педијатрите и ужива доверба меѓу родителите.
Воспоставувањето на цревната микробиота започнува со раѓањето. Бебињата се раѓаат без добри цревни бактерии.Затоа бебињата прво се колонизираат со бактерии од нивната околина, како на пример, при раѓање, од вагиналниот канал на мајката или преку доење. Овие рани интеракции помагаат да се изгради разновидна и балансирана микробиота, формирајќи ја основата за подоцнежниот живот.
Меѓутоа, бебињата родени со царски рез не ја примаат истата почетна доза на корисни бактерии, а разновидноста на нивната цревна микробиота е докажано пониска. Затоа, дополнувањето на цревната микробиота кај бебињата со царски рез станува неопходна. Добар начин да го направите тоа е со додавање на пробиотици во нивната исхрана.
Воведувањето на пробиотици, како BioGaia® Protectis™ пробиотски капки, од најраните денови на животот е проактивен начин за дополнување на составот на цревната микробиота. Тие се безбедни за доенчиња од првиот ден по раѓање и може да се дадат во лажица или да се додадат во млечната формула. Со само пет капки дневно ќе му ја обезбедите на вашето бебе препорачаната дневна доза од 100 милиони живи бактерии Limosilactobacillus reuteri Protectis™.
BioGaia® Protectis™ пробиотските капки со витамин Д го надополнуваат и дневниот внес на витамин Д, кој е потребен за нормален раст и развој на коските и за нормално функционирање на имунитетот. Капките се безбедни за бебињата од првиот ден по раѓање.
Нашата цревна микробиота не останува статична. Таа се развива заедно со нас. Факторите како исхрана, начин на живот и лековите, можат да влијаат на составот на цревните бактерии.
Во адолесценцијата, микробиотата станува поразновидна заради разновидната и балансирана исхрана и факторите на животната средина.Во староста, заради забавениот животниот стил, стресот и лековите се зголемува потребата од надополнување на цревната микробиота. Како што старееме, доколку се придржуваме кон здравата исхрана и доколку ја преферираме суплементацијата на микробиотата ќе останеме подолго здрави и витални.
Пробиотиците, како таблетите за џвакање BioGaia® Protectis™, се одличен начин за надополнување на цревната микробиота.
BioGaia® Protectis™ капките со витамин Д содржат живи L.reuteri Protectis™ бактерии за дополнување на цревната флора и витамин Д за поддршка на вашата имунолошка функција.
BioGaia® е шведска водечка светска компанија за пробиотици со над 30 годишно искуство во истражување и иновација. Производите секојдневно се препорачани од педијатрите и на нив им веруваат родителите ширум светот. Пробиотските соеви се меѓу клинички најистражуваните во светот, со над 260 студии, кои ја докажуваат ефикасноста и безбедноста.BioGaia® производите обезбедуваат проактивна грижа за цревата од детството до староста.