Бебето има немирно стомаче?

Смирувачки масажи и прилагодена исхрана може да донесат благо намалување на симптомите. Откријте како пробиотските капки BioGaia® Protectis™ можат да ја надополнат цревната микробиота на вашето бебе. Клучни зборови: непријатност во стомакот, бебе со гасови, капки за бебиња BioGaia® Protectis™, цревна микробиота, совети за масажа на бебиња, Limosilactobacillus reuteri Protectis™, пробиотици за доенчиња. Кога вашето бебе има немирно стомаче?

Практични совети што треба да ги испробате во овие моменти.Непријатноста во стомакот или гасовите може да предизвикаат вознемиреност и за вашето бебе и за вас како родител. Иако се чест проблем поради развојот на дигестивниот систем, постојат многу техники што ќе му помогнат на вашето малечко да се чувствува подобро. Подолу, наведовме совети за смирување на бебе со немирно стомаче заради гасови. Исто така, објаснуваме како пробиотските капки за бебиња BioGaia® Protectis™ можат да обезбедат дополнително колонизирање со корисни бактерии на неразвиената цревна микробиота на вашето бебе. Како да ги препознаеме симптомите поврзани со цревна непријатност. Во текот на првите три месеци, плачењето е примарен начин на вашето бебе да ги искаже своите потреби, без разлика дали е гладно или е потребна промена на пелената. Сепак, студиите покажуваат дека околу 26% од бебињата може да плачат поради чувство на непријатност во цревата. Зошто бебињата имаат проблеми со стомакот? Дигестивниот систем на бебињата е незрел при раѓање, што може да резултира со непријатност заради задршка на гасови или надуеност. Прејадувањето, голтањето воздух за време на цицање или чувствителноста на одредена храна, исто така, може да доведат до одредени цревни непријатности. Иако оваа фаза е привремена и минлива, таа може да биде премногу напорна и исцрпувачка за родителите. За среќа, постојат едноставни совети кои ќе ви помогнат да го надминете овој тежок период. Совети за смирување на бебиња со гасови :

1. Користете контакт кожа на кожа за удобност и поврзување со вашето малечко.

Држете го вашето бебе блиску до вашето тело. Контактот кожа на кожа е смирувачки. Легнете на грб и ставете го бебето на градите за да почувствува дополнителна топлина. 

2. Носење на бебе во кенгур 

Носењето на вашето бебе во носач во стилот на кенгур обезбедува нежен притисок врз неговиот стомак, што може да помогне во ослободувањето на гасовите додека го држи блиску до вас. 

3. Поттикнување на движење 

Движењето помага во ослободувањето на заробените гасови и го поттикнува варењето на храната. Дозволете му на вашето бебе слободно да клоца со нозете додека е легнато на стомак или за време на играње. 

4. Вежби за нозе

 Поставете го бебето на грб и нежно движете ги нозете со кружни движења или како да вози велосипед. Потоа нежно притискајте ги колената кон стомакот неколку секунди. 

5. Нежна масажа на стомакот 

Масирањето на стомакот на вашето бебе е одличен начин за ублажување на цревната непријатност. ● Започнете од папокот и користете кружни движења, постепено зголемувајќи ги круговите. ● Загрејте ги рацете пред да започнете за да се осигурате дека масажата е смирувачка. ● Секогаш масирајте на мека, рамна површина како ќебе или маса за пресоблекување. Избегнувајте масажа веднаш по хранењето или кога вашето бебе заспива. 

6. Топли бањи

 Топлата бања може да помогне во опуштањето на стомачните мускули на вашето бебе. 

7. Проверете ја вашата исхрана

Ако доите, одржувајте балансирана и здрава исхрана. Избегнувајте храна што може да предизвика гасови, бидејќи може да влијае на квалитетот на вашето млеко,а со тоа да го отежне и варењето кај вашето бебе. 

Можни причини за непријатност: Иако точните причини за појава на цревна непријатност кај бебињата остануваат нејасни, неколку фактори можат да придонесат за појава на истата. 

  • Проблеми со хранењето како што се прекумерно хранење, недоволно хранење или недоволно подригнување

  • Чувствителност или нетолеранција на храна

  • Неразвиен дигестивен систем

  • Прилагодување на нова околина како светла, звуци итн.

  • Семеен стрес или анксиозност

Важност на суплементацијата на цревната микробиота

Покрај овие совети, можете да размислите за суплементација со добри бактерии (пробиотици). Пробиотските капките за бебиња BioGaia® Protectis™ можат да помогнат во дополнувањето на цревната микробиота на вашето бебе со нашиот херојски пробиотски сој - Limosilactobacillus reuteri Protectis™, кој е излоиран од мајчиното млеко. Овие капки се дизајнирани да ја надополнат деликатната цревна микробиота на вашето бебе. 

Зошто да изберете капки за бебиња BioGaia® Protectis™?

● Затоа што содржат клинички проучен пробиотски сој Limosilactobacillus reuteri DSM 17938, излоран од мајчино млеко

● Безбедени се за новороденчиња од првиот ден на раѓање

● Лесни се за употреба - само пет капки дневно. Препорачани се од педијатрите и им веруваат родителите ширум светот. 

Иако проблемите со стомакот се чести кај доенчињата, тие се транзиторни и поминуваат после неколку месеци. Нежните техники споменати погоре можат да ви помогнат вам и на вашето бебе да ги пребродите овие тешки моменти. Со пробиотските капките за бебиња BioGaia® Protectis™, можете да им обезбедите на вашите малечки дополнителна грижа, потребна за развој на нивната цревна микробиота.